Катица Јанева остана без работа, другите обвинители од СЈО се враќаат во матичните обвинителства

by fokus

Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставен вон сила делот од решението со кој се определува дека функцијата на Катица Јанева во гевгелиското обвинителство е ставена во мирување додека таа ја извршува функцијата шеф на СЈО, соопшти денеска претседателот на Советот, Ацо Колевски.

Ова значи дека Јанева останува без работи и повеќе не може да се врати на работа во Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Како што рече Колевски оваа одлука е донесена поради несовесно вршење на функцијата.

На денешната седница Советот донесе одлука и останатите обвинители од СЈО да се вратат во нивните матични обвинителство.

Обвинителот Бурим Рустеми се вреаќа во Основното јавно обвинителство во Куманово, обвинителката Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар, обвинителот Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, обвинителот Стевчо Донев во ОЈО Кочани, обвинителката Фатиме Фетаи во ОЈО Скопје, обвинителот Гаврил Бубевски во ОЈО Скопје, обвинителката Ленче Ристевска во ОЈО Скопје, обвинителот Трајче Пеливанов во ОЈО Скопје, обвинителот Ајтан Ајро во ОЈО Скопје, а обвинителката Лиле Стефанова во ОЈО Радовиш.

Во случајот со Стефанова е констатира и престанок на нејзиниот 4-годишен мандат во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, со што таа се враќа во матичното обвинителство.

Поврзани новости