Катица Јанева не е присутна во Апелациониот суд поради здравствени причини, но седницата ќе се одржи

by Fokus

Обвинетата во случајот „Рекет“, екс специјалната обвинителка Катица Јанева не е присутна денеска во Апелиациониот суд, кој одлучува по жалбите на Јанева и на Бојан Јовановски за предметот.

Катица Јанева не е присутна поради здравствени причини, но седницата ќе се одржи поради тоа што Јанева испратила писмо во кое стои дека е согласна да се одржи јавна седница, пренесува ТВ21.

Јанева доби седум, а Јовановски девет години затвор за случајот „Рекет“.

Поврзани новости