Катица Јанева бара да го преземе предметот за Божиновски

by fokus

Специјалното јавно обвинителство денеска го побара од Основото обвинителство предметот за новинарот Зоран Божиновски.

Катица Јанева кусо образложила дека се работи за предмет против лице кое неодамна било екстрадирано од Србија, а е дел од случајот „Шпион”, предмет кој веќе е надлежност на СЈО.

Божиновски се товари за шпионажа, уцена и злосторничко здружување. Во случајот Шпион, уште 22 лица веќе добија затворски казни, а новинарот беше издвоен поради отсуство. Божиновски беше уапсен пред четири месеци во Нови Сад по потерница од македонските власти.

Поврзани новости