Катимерини: Членството во НАТО ќе биде „подарок“ за дуото Заев-Ахмети

by fokus

Прашање на време е кога ќе започне притисокот врз Атина за изнаоѓање на решение за спорот со името со ПЈРМ, коментира денеска весникот „Катимерини“.

„Според добро информирани западни дипломати во Скопје, Брисел и Берлин, се проценува дека забрзувањето на процедурите за интеграција на соседната земја во НАТО под акронимот „ФИРОМ“, ќе биде „подарок“ за дуото Заев-Ахмети, кои инвестираат за враќање на внатрешнополитичката и етничката нормалност во земјата која се смета за клучна за геополитичката рамнотежа.

Дипломатски извори проценуваат дека Атина очекува ескалација на притисоци, можеби дури и во текот на летото и секако пред Германија „длабоко“ да влезе во изборен процес“, се вели во Катимерини.

Оттаму пишуваат дека притисоците од Германија се веќе задушувачки.

Според весникот, грчката влада стравува најмногу од предлогот Македонија да биде примена во Алијансата под привремената референца со можност тоа да биде сменето кога Грција и Македонија ќе постигнат договор за името. Стравувањата се дека ако дојде до ова, со оглед на фактот дека голем дел од НАТО членките ја имаат признаено Македонија под уставното име, можно е билатералниот спор за името да се продлабочи уште повеќе.

Поврзани новости