Катарина Ивановска: Ги поттикнувам сите да донираат за приведените од „Шарена Револуција“

by fokus 11:53
11:53

Топ моделот и актерка Катарина Ивановска ја поддржа Шарената револуција и во видео прилог кој што се споделува на социјалните мрежи апелира до сите кои што сакаат да им помогнат на приведените демонстранти, дека можат да донираат свој прилог за подмирување на казните.

„Како што веќе најавив во видеото, се работи за собирање на донации за приведените демонстранти на Шарената револуција, кои што заработија парични казни, и средствата ќе се искористат за да им бидат платени казните. Настанот ќе започне во 13.00 часот во кафе „Излет“ во Скопје, и ќе трае до вечерните часови. Ги повикувам сите заинтересирани да излезат и да донираат. Самото мое присуство таму, самиот факт што јас упатив јавен апел, кажува доволно кое е моето мислење за Шарената револуција. Им ја давам поддржката на демонстрантите, се надевам дека ќе има голем одзив на оваа акција и дека ќе се соберат потребните средства. Со моите 180 сантиметри, исправено ќе стојам на местото за донирање и ги поттикнувам сите во земјава да ни се приклучат“ – ни изјави Ивановска.

Таа е еден од најуспешните модели во земјава. Кариерата ја започна пред околу 12 години на Миланската модна недела, а нејзините фотографии се најдоа и на руското и италијанското издание на „Vogue“. Соработува со голем број на модни агенции ширум светот, а филмското деби го имаше во филмот „Трето полувреме“.

Поврзани новости