Каталонскиот сепаратистички лидер Пуџдемон уапсен во Италија

by Fokus

Лидерот на каталонските сепаратисти Карлес Пуџдемон е уапсен на италијанскиот остров Сардинија по шпанска потерница, четири години откако избега од Шпанија по референдумот за независност, кој Мадрид го прогласи за нелегален. Според неговиот адвокат, тој патувал за да присуствува на каталонски фолклорен фестивал.

-Пуџдемон се очекува да се појави на суд денеска на сослушување по кое би можело да биде екстрадиран во Шпанија за да се соочи со обвиненија за бунт, изјави неговиот адвокат.

Поранешниот жител на Каталонија, еден од најбогатите и најпознати региони во Шпанија, ја напушти земјата по референдумот во 2017 година. Тој сега живее во Белгија и е член на Европскиот парламент.

Пуџдемон првично имаше имунитет од гонење по неговиот избор во 2019 година, но во март беше лишен од тоа. Референдумот во 2017 година предизвика политичка криза во Шпанија, при што регионалниот парламент на Каталонија прогласи независност од земјата, а Мадрид наметна директно владеење со регионот.

Претседателот на Каталонија, Пере Арагонес го осуди, како што рече, „прогонот и судската репресија“ врз Пуџдемон. Шпанската влада соопшти дека апсењето на Пуџдемон „одговара на тековната судска постапка што се однесува на секој граѓанин на ЕУ кој треба да одговара пред судовите“.

Поврзани новости