Кашоги пред убиството разговарал со принцот Салман

by fokus

Турскиот весник „Јени шафак“ денеска објави дека саудискиот принц Мухамед бин Салман телефонски разговарал со саудискиот новинар Џамал Кашоги, непосредно пред тој да биде убиен и наводно распарчен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

– Кашоги пред кобната несреќа беше во посета на Саудискиот конзулат, каде бил пристојно пречекан, понуден со чај, а потоа му беше закажана следна посета за да ги добие документите за венчавката. Кога другиот пат пристигнал во посета му беше поставена замка, наведува „Јени шафак“.

Според весникот, Кашоги во Конзулатот бил задржан на сила и му пружиле телефон.

– Кашоги беше фатен од саудиски тим во зградата на Конзулатот, а потоа принцот Мухамед разговараше со Кашоги по телефон и го замоли да се врати во Ријад. Тој ја одби понудата на принцот, ставувајќи оти ќе биде уапсен и убиен ако се врати во Саудска Арабија, по што тој е убиен, наведува турскиот провладин весник.

Поврзани новости