Касами се сретна со Заев

by fokus

Движењето БЕСА и понатаму ќе игра конструктивна улога продолжувајќи и понатаму да биде дел од решението а не дел од проблемот, соопшти партијата денеска по средбата на лидерот Биљал Касами со претседтелот на СДСМ, Зоран Заев.

„Делегацијата на Движењето БЕСА, предводена од претседателот Билал Касами, денеска оствари средба со врвот на СДСМ. Тема на дискусија беа последните политички случувања и настанатата ситуација во земјата, по одбивањето на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да го даде мандатот. Исто така е разговарано и за можните решенија за излез од кризата со која се соочува земјата за функционализација на институциите. Контактите помеѓу партиите ќе продолжат и во наредните денови“, соопшти БЕСА.

Поврзани новости