Касами: Не треба Заев да им кажува на Албанците за кого да гласаат

by fokus

Кандидатот на коалицијата Алијанса и Беса за Тетово, Биљал Касами, во придружба на кандидатот за Струга, Зијадин Села, се сретна со бизнисмени и професори од Тетово. Одржа и говор на плоштадот пред граѓани.

-Денеска Албанците се во ситуација една партија како што е СДСМ и нејзиниот претседател, да дојде во албански општини и да ни кажува кој треба да биде градоначалник на овие општини и кој треба да раководи со нив. Верувам дека граѓаните на овие општини, од Чаир се до Струга знаат дека тие се оние кои што одлучуваат, и тие ќе одлучат најдобро за тоа кој треба да го добие мандатот за следните четири години, изјави Касами.

Поврзани новости