Касами не седи на иста маса со Ахмети

by fokus

Во пресрет на средбата меѓу ДУИ и Алијансата за Албанците, од БЕСА порачаа дека нивниот лидер Билала Касами нема намера да седне на иста маса со Али Ахмети. Велат дека во нивната партија и натаму на сила е одлуката да не се среќаваат со претседателот на ДУИ.

Од БЕСА веќе му ги понудија потписите на Зоран Заев, но велат оти досега не добиле покана од СДСМ за официјална средба. Касами рече дека ќе ги дадат пратеничките потписи за Заев да го добие мандатот за состав на влада, а за коалиција допрва ќе преговараат.

Од СДСМ пак, во трката по пратенички потписи интензивно се среќаваат со ДУИ, на кои им ги дадоа писмените гаранции што ги бараа за отпочнување преговори за коалиција. ДУИ пак, денеска се на „гости” кај Алијансата за Албанците и ги разгледуваат предлозите на СДСМ.

Доколку документот доставен од Заев до Ахмети е прифатлив за ДУИ, а Алијансата за Албанците и БЕСА се решат да коалицираат со СДСМ , тогаш парламентарното мнозинство би броело 67 пратеници.

 

Поврзани новости