Касами: Му дадов шанса на Мицкоски да се промени, но не прави ништо

by Фокус

Христијан Мицкоски не работи ништо поразлично од претходното раководство во однос на правата и подобрувањата на правата на Албанците, изјави на ТВ 21 лидерот на БЕСА, Биљал Касами.

-На Мицкоски му дадов шанса да се промени, се сретнав во него во центарот на градот, но не прави ништо во овој правец. Во овој момент соработката меѓу македонските и албанските опозициски партии не е принципиелна – рече Касами.

Поврзани новости