Касами ја обвини Арифи дека со општински пари купува гласови

by fokus

Да не го злоупотребуваше буџетот, Теута Арифи немаше да освои ни илјада гласа, а не 10.000, рече нејзиниот противкандидат Биљал Касами.

-Со пари од буџетот се склучуваат договори на дело со луѓе кои не знаат каде е општината, кои се во странство и никогаш не дошле на работа. Парите што треба да одат за комуналец за ѓубрето, за шелтер-центар за кучињата-скитници и други потреби, одат за договор на дело за она да ги добие овие 10 илјади гласа – рече Касами на Телма.

Иако лидерот на БЕСА минимално загуби во првиот изборен круг, Касами очекува победа од два наспрема еден, бидејќи, како што рече, огромен бил бројот на гласови против Арифи.

Поврзани новости