Касами ги кани „Огнените“ заедно да го уриваат ДУИ

by fokus

Претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Билал Касами, ги повика „Огнените“ од ДУИ да се приклучат на опозицискиот фронт што тие го формираат откако постигнаа договор со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за заедничко опозициско делување.

Освен „Огнените“, Касами упати покана и до пратениците и членови на Алијанса за Албанците кои се незадоволни од Таравари, а кои сакаат да го урнат ДУИ од власт.

-Како претседател на Движењето Беса му подадов рака на соработка на Африм Гаши, а по конечното раздвојување на фракцијата од ДУИ, ќе им подадам рака и нив за обединувачка соработка. Упатувам коректна и искрена покана до пратеничката група и до сите членови на Алијанса за Албанците со опозициска ориентација да се приклучат на опозицискиот фронт, бидејќи тие секогаш биле за промени во албанскиот политички табор и за уривање на ДУИ. Го поканувам и целиот опозициски спектар, јавните личности, дијаспората и другите актери на албанското општество да се приклучат на овој фронт за да може гласачот Албанец на следните избори да има правилна адреса за процесот на промени, порача Касами во јавниот повик.

Поврзани новости