Карпа падна врз хотел на Крит – загина туристка

by fokus

Една жена го загуби животот, а нејзиниот 10-годишен син е полесно повреден откако во текот на ноќта се одронила огромна карпа и паднала врз хотелот во кој престојувале во туристичкото место Агиа Фотја во близина на Јерапетра во југоисточниот дел на грчкиот остров Крит.

Карпата паднала врз собата од хотелот во која престојувало тричленото семејство, кое според локалните медиуми, денеска го завршувало одморот.

Животот го загуби 45-годишната жената, нејзиниот син е полесно повреден, додека пак мажот кој е без повреди бил во делот од собата што останал недопрен од карпата.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во спасувачката акција учествувале 50 пожарникари со 20 возила, спасувачки екипи волонтери и претставници од општините и било извлечено безживотното тело на жената.

Акцијата за пронаоѓање траела над четири часа, а од падот на карпата уништени се уште неколку соби, кои за среќа биле празни.

Поврзани новости