Каролина наполни 41 година: Денот не можеше да биде поубав!

by fokus

Срце полно. Фала ви на честитките, денов не можеше да биде поубав – порача поп пејачката Каролина Гочева на социјалните мрежи, по повод нејзиниот роденден, кој вчера го прослави во кафеана со чаша бело вино во рака.

Таа ја објави фотографијата и се заблагодари на честитките кои ги имаше во голем број.

Популарната пејачка е родена пред 41 година во Битола. Уште на свои десет години застана на музичката сцена, на детскиот фестивал Си-До во Битола, а вниманието на јавноста го сврте во 1991 година, на фестивалот на забавни мелодии Макфест во Штип, кога настапи со песната ,,Мамо пушти ме”. Уште од тогаш, нејзиниот живот е пред рефлекторите, па таа буквално растеше пред очите на јавноста. Зад себе има впечатлива музичка кариера која трае со децении.
Во 2016 година стапи во брак со уметникот Михаил Корубин.

Вики Клинчарова

Поврзани новости