Караванот тргна, се бара ѕвезда во Македонија!

by fokus

Поп пејачката Елена Петреска како претставник на тимот од Мел Фест и Бане Поповиќ започнаа интересен проект, со цел да ја заживеат нашата музичка сцена. Тие започнуваат со големо талент музичко шоу, каде секој кој има талент за музика ќе може да го покаже истиот и да добие шанса да стане ѕвезда.

-Караванот тргнува, а сите кои имаат талент и се подготвени да застанат на сцената имаат шанса да си го остварат сонот. Ќе избираме Ѕвезда број еден, а караванот каде талентите ќе можат да се пријават на аудиции, тргнува низ градовите утре. Значи, утре сме во Гевгелија, во 12 часот во Пионерски дом, а потоа и во Струмица, во 18 часот, во клубот Селект. Во недела сме во Кавадарци во 12 часот во Реборн, а потоа од 18 часот во Штип, во Дом на млади. Сите кои имаат желба да станат дел од нашето естрадно небо можат да дојдат и да запеат на аудициите – раскажува Петреска.

Додава дека секој ден од понеделник до петок ќе има 30 – минутни емисии на 1ТВ, каде ќе бидат претставени кандидатите од сите градови.

-Потоа започнуваме со емисиите на големата сцена во кои ќе се натпреваруваат кандидатите кои ќе ја поминат првата селекција. Покрај секојдневните емисии Ѕвезда број еден талент шоуто со голема емисија ќе се емитува секоја седмица, во време траење од два часа – информира таа.

Десет финалисти од шоуто ќе добиеле снимање на песна и видео запис за истата. Победникот добивал договор и снимање на албум, но листата на награди се уште не била комплетирана и следувале многу изненадувања за финалистите.

Вики Клинчарова

Поврзани новости