Kарантин за сите во контакт со новиот сој во Словенија

by Фокус

Сите оние што биле во високоризичен контакт со лице потенцијално заразено со омикрон-сојот на коронавирусот во Словенија ќе мора да бидат во карантин.

Правилото што денеска го усвои владата важи за оние што се вакцинирани, но и за оние што веќе прележале Ковид-19.

За контакт со висок ризик се смета лице со потврден омикрон-сој или лице што во претходните 14 дена престојувало во некоја од африканските земји, каде што оваа варијанта е широко распространета, како што се Јужна Африка, Лесото, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Намибија и Есватини.

Поврзани новости