Каракамишева тврди дека домот и бил ограбен и испревртен

by Fokus

Професорката Татјана Каракамишева од Правниот факултет на својот фејсбук профил објави дека за време на Божиќ во нејзиниот дом некој упаднал, извршил грабеж и ја превртил целата покуќнина што е јасен вандаски чин.

„Со крадење од нашите деца сакаат да видат раат и убав живот. Ама тоа не оди така забегани отпадници. Можеби денес ви дојдоа вашите пет минути ЖИВОТ кој ви го дава оваа власт, бидејќи власта ве штити и амнестира, ама Господ е еден и голем и ќе ви наплати за сите сторени гревови. И да биде трагедијата поголема вчера дознав дека во град Скопје има САМО ДВЕ КРИМ УВИДНИ ЕКИПИ, една што работи 12 часа составена од ДВАЈЦА крим техничари и втората другите 12 часа! – пишува Каракамишева.

 

Поврзани новости