Каракамишева: Референдумот ќе биде неуспешен, но Заев, Шекеринска и Димитров имаат план Б

by fokus

Професорката Тања Каракамишева и претседател на Комисијата за политички систем на ВМРО ДПМНЕ, прогнозира дека референдумот ќе биде неуспешен, а тоа го докажуваат и сите анкети на јавно мислење. Сепак Каракамишева вели дека Владата на чело со Заев, Шекеринска и Димитров, има план Б. Таа прашува како власта мисли да ја изврши продажбата на пратеници од опозицијата покрај народот жив и здрав.

Сите анкети до сега покажуваат дека референдумот во недела ЌЕ БИДЕ НЕУСПЕШЕН!Јасно е дека првиот цензус на излезност…

Publiée par Тања Каракамишева sur Mardi 25 septembre 2018

„Сите анкети до сега покажуваат дека референдумот во недела ЌЕ БИДЕ НЕУСПЕШЕН!

Јасно е дека првиот цензус на излезност од 903.169 гласачи е невозможна мисија исто колку што е невозможно 50%+1 од тие излезени да гласаат “за” договорот!

Колку сака Димитров нека се гимнастичари со разно-разни негови домашни математики според кои и 100.000 да излегле и од нив 50.001 да гласале “за” според него ќе сме имале успешен референдум, значи настрана овие гимнастики “како мали Ѓокица замишља свет”, јасно е дека позитивна одлука на референдумот во недела нема да има!

Она што е посебно интересно е да го видиме планот Б на Заев и неговите!

Иако тврдеше јавно дека нема план Б, тој сепак постои и беше објаснуван во повеќе наврати од страна на неколку министри во владата!

Веројатно сите нивни логики, ама не здрави, ќе бидат засновани на фактот дека овој референдум нема правна важност затоа што бил консултативен и како таков не ја обврзувало владата да постапи согласно неговата неуспешна одлука!

Да потсетиме, карактерот на референдумот требаше да биде утврден во одлуката на Собранието при неговото распишување. Тој елемент што е задолжителен согласно законот недостасуваше, односно во одлуката намерно не беше ставен видот и карактерот на референдумот за да може власта по неговата неуспешност да продолжи да манипулира со граѓаните!

Токму оваа манипулација е почетокот на планот Б на Заев, Димитров и Шеќеринска!

Со прогласување на референдумот за незадолжителен СДС и ДУИ ќе одат натаму во реализација на планот во Собрание.

Прашањето е како тие замислуваат да ги буткаат уставните амандмани подготвени од Грција кога се делегитимирани на референдум од страна на граѓаните?

Како планираат без граѓанска волја да го тераат процесот на уставни измени кога се знае дека за промена на име и идентитет на народ и држава немаат добиено мандат од граѓаните?

Плус како мислат да ја извршат наводната продажба на пратениците од опозицијата покрај народот жив и здрав? Па тие се народни претставници не се нивни слуги!

Како мислат да го тераат мачниот и долг процес на уставни измени каде сите оние што се “за” промена на Уставот треба да притиснат копче “за” три пати?

Како тоа мислат да го спроведат без да имаат согласност од народот?

Што се замислуваат овие луѓе со нивните планови, дека се богови, надлуѓе, ШТО?“

Поврзани новости