Каракачанов со закана до Заев: Македонскиот јазик не постои, тоа може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

by fokus

Г-не Заев не ја злоупотребувајте темата со македонскиот јазик. Тоа може да ве чини членство во НАТО и ЕУ, му се закани вицепремиерот за безбедност и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов на премиерот Заев. Каракачанов вели дека дека македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик.

-Македонскиот јазик, кој не е признаен од никого како официјален јазик, не може да се смета како таков на целата територија на Северна Макеоднија. Северна Македонија е географско име кое вклучува и територија на Република Бугарија. Заев во тој контекст утре може да побара употреба, целосно идентичениот бугарски дијалект да биде изучуван како официјален странски јазик и кај нас, што е недозволиво и провокација, напиша Каракачанов на фејсбук.

Ова е реакција на изјавата на Заев дадена пред една недела дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на макадонскиот јазик и никој нема право тоа да го оспорува.

Поврзани новости