Каракачанов: Не ставивме вето, туку поставивме некои критериуми

by fokus 12:32
12:32

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во денешното онлајн вклучување на радио Канал 77, каде гостин беше и македонскиот премиер Зоран Заев рече дека не е точно дека Буугарија и ставила вето на Македонија.

-Разговорот за членството на Македонија во ЕУ многу погрешно се претставува во Македонија. Бугарија не стави вето, туку постави критириуми според кои треба да се спроведе првата меѓувладина конференција. Бугарија беше првата држава која основна цел на надворешната политиката и беше интеграција на Западниот Балкан во ЕУ.  Ние очекувавме дека во рамки на неколку години, Договорот ќе се спороведе. Три години и три месеци Договорот не се исполнува. Ниту Комисијата работи, ниту е отстранет говорот на омраза. Нашата поддршка не може да биде безусловна. Кога Република Македонија ќе биде спремна на конструктивен договор, ние сме спремни. Но, има некои рецидиви од времето на Југолавија кои во 21 век не се нормални. Какво добрососедство, кога во последниот период во Македонија има 15.000 негативни статии за Бугарија, вели Каракачанов.

- Advertisements -

Поврзани новости