Каракачанов: Не ми се допаѓа резултатот затоа што не е добар!

by Fokus

Претседателот на бугарското ВМРО-БНД Красимир Каракачанов, кој ја предводеше коалицијата „Бугарски патриоти“ на јулските предвремени избори е незадоволен од исходот. Тој нема да има пратеници ниту во новото Народно Собрание бидејќи со нешто над 3 отсто од гласовите, според излезните анкети, не го помина изборниот праг кој е поставен на четири проценти.

-Не ми се допаѓа резултатот, затоа што не е добар. Можеби требa да ги почекаме официјалните резултати. Само што излегоа излезните анкети а Вие ме терате да правам анализи. Рано е за длабински анализи. Така како што решил бугарскиот народ, така ќе се развива државата во наредните месеци и години, изјави Каракачанов.

Тој повика да се формира стабилна влада која ќе може да го подготви државниот буџет и да ги гарантира доходите.

Поврзани новости