Каракачанов: Имавме долг разговор, се зависи од властите во Скопје

by Фокус

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов по денешните разговори на Македонија со Бугарија, во рамките на Самитот на Берлинскиот процес во Софија, изјавил дека сè зависи од властите во Скопје. Тој рече дека се одвивал долг разговор меѓу двете страни.

-Тие сфатија дека Бугарија не води никаква политика на тврдоглавост, туку води принципиелна политика, дека Бугарија е суверена држава и дека не е под влијание на расположението во една или друга европска или светска престолнина. Има две опции – или добро завршува целиот процес за Бугарија и Македонија, или за Македонија разговорите за влез во Европската Унија ќе бидат одложени на некое време. Бугарија не е кандидат-членка на Европската Унија, а Македонија е кандидат-членка. И кандидатот треба да го почитува тоа барање во Европската унија, односно не треба да имате нерешени проблеми со соседите – потенцирал Каракачанов.

Поврзани новости