Каракачанов: Бугарија е во ЕУ, а не Македонија, да се имаат предвид ставовите на државите-членки

by Fokus

Каракачанов рече дека има „надворешни фактори“ што се обидуваат да ја разубедат Бугарија за блокадата на Македонија, но дека не верува оти премиерот Бојко Борисов ќе отстапи
Бугарија има свои национални интереси и треба да ги штити како тоа што го прават и други членки како Германија, Полска, Унгарија вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во интервју за бугарска телевизија „Нова“, прашан за тоа како на европските партнери им ги објаснил мотивите на Бугарија за ставање вето за Македонија.

-На крајот на краиштата Бугарија е членка на ЕУ, а не Македонија и нашите колеги треба да ги имаат предвид ставовите на државите-членки, а не државите-кандидатки. Го објаснив тоа на културен начин со аргументи и факти. Не мислам дека не сме разбрани од страна на европските партнери. Бугарија никогаш не давала безрезервна поддршка. Ние кажавме дека ако Договорот не се почитува, нема влез во ЕУ, вели Каракачанов.

Тој вели дека на одредени земји во ЕУ им одговара Македонија да е дел од Унијата поради геостратешки интереси, но дека не можат да се занемарат бугарските интереси.

Каракачанов рече дека има и „надворешни фактори“ што се обидуваат да ги разубедат бугарските власти, но дека не верува оти премиерот Бојко Борисов ќе отстапи.

-Не можам да кажам дека имаме притисок за да го смениме мислењето, но ќе кажам дека има надворешни фактори што не разубедуваат, иако мене лично не, вели Каракачанов.

Поврзани новости