Караџовски: Во Скопје имаме кластери на заразени во Чаир, Гази Баба и Сарај

by fokus

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски на денешната прес конференција соопшти дека во моментов има 20тина активни кластери на заразени со корона вирус во Македонија.

-Во пет градови имаме 20тина кластери коишто ги следиме, а тоа се пред се Скопје со неколку кластери во Чаир, Гази Баба и Сарај. Имаме кластер во Велес, Штип, Струга и Тетово. Успеавме да ги локализираме тие кластери, дел од тие луѓе да ги ставиме во замоизолација. Она што можам да го кажам е дека повеќе од 15тина лица кои починаа да бидат донесени во болница, кога беше предоцна. Дел од нив го изгубија својот живот затоа што доцна дојдоа во болница. Во моментов имаме 50 отсто исполнетост на болничките капацитети, рече Караџовски.

Поврзани новости