Караџовски: Корона кризата ќе трае и наредната година, вакцина можеби за една година од сега

by fokus

Претседателот на Комисијата за зарзни болести, Жарко Караџовски во вечерашното гостување на МРТ рече дека корона кризата нема да помине брзо и дека ќе трае и наредната година.

-Бидете сигурни дека ова ‘чудо’, корона – кризата која не зафати на почетокот на годината ќе трае и до следната календарска година. Мора да бидеме поготвени за превентива, а не за вакцина. Кога ќе дојде вакцината, таа е добредојдена и државата ќе си го направи своето и ќе набави количина која ќе биде достапна во тој момент. Да се надеваме дека следната календарска година ова време ќе имаме на видик некаква вакцина, вели Караџовски.

Поврзани новости