Капитенот на Бугарија: Македонија има 3-4 играчи од светска класа, ние немаме

by fokus

Капитенот на репрезентацијата Николај Михаилов даде свое мислење по денешното реми со македонската репрезентација во Лигата на нации. Тој рече дека Бугарија нема играчи од светска класа какви што има македонскиот тим.

– Да бидам искрен, не можам да кажам дека не сум разочаран. Очекувањата на фудбалските луѓе беа за задолжителна победа, но реално гледам на ситуацијата. Имавме позитивни работи, поведовме, но не успеавме да освоиме три бода. Во многу моменти им ја препуштивме иницијатива, го загубивме интензитетот. Не сакам да правам анализа на нивниот состав, но тие имаат тројца-четворица играчи од светска класа, ние ги немаме. Мораме да победиме против Грузија за три дена за да ги задржиме шансите за првото место, истакна Михајлов.

Бугарскиот голман во првото полувреме доби силен удар во главата од топката упатена кон неговиот гол од страна на Енис Барди.

– Не се чувствувам добро, топката ме удри во брадата, ми се вртеше во текот на целиот натпревар, додаде бугарскиот капитен.

Поврзани новости