Каноли: Земјите во регионот треба да го следат примерот на Северна Македонија

by Fokus

НАТО е алијанса на безбедност, но и на споделени вредности, а Република Северна Македонија е пример што треба да го следат останатите земји во регионот.

Ова го истакна американскиот конгресмен и актуелен претседател на Парламентарното собрание на НАТО, Џералд Е. Коноли вчера за време на онлајн предавање пред студентите на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), и при тоа го поздрави членството на Република Северна Македонија.

Како што соопшти Универзитетот Американ Колеџ Скопје, во периодот што претстои како клучни предизвици за САД и за земјите од НАТО конгресменот Коноли ги наведе: справувањето со нееднаквостите во општеството, растечката моќ на Кина и инвестирањето во истражување и развој, инфраструктура и образование.

Споделувајќи го своето гледиште за надлежностите на извршната и законодавната власт според американскиот Устав, тој истакна дека обврска на Конгресот е да ја задржи својата улога на контролор во процесот на донесување одлуки.

Поврзани новости