Кандидатот за градоначалник на Пробиштип со уникатен рекламен материјал: Ладич чоколада за посладок живот!

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов од СДСМ, се најде на обвивката на чоколади, како дел од изборната кампања.

Во некои од локалните угостителски објекти, гостите заедно со кафето добивале гратис и мала млечна чоколада, со неговиот лик и број за гласање.

Уникатната идеја за рекламен материјал на Анастасов, познат во градот како Ладич, пробиштипјани ја дочекале со позитивни коментари.

„Подобро Ладич чоколада,наместо запалка“ – коментираат дел од нив на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од брендираните чоколади.

Не успеавме да добиеме одговор на прашањето чија е идејата за несекојдневниот политички рекламен материјал, бидејќи Атанасов не беше достапен на мобилниот телефон. Останатите кандидати најчесто како рекламен материјал делеа пенкала, запалки, маици и капчиња.

Тој во недела ќе ги одмери силите со својот противкандидат Тони Тоневски од ВМРО ДПМНЕ. Во првиот круг на гласањето, Атанасов освои 44,41 процент од гласовите, а Тоневски освои 46,49 проценти.

Вики Клинчарова

Поврзани новости