Канческа-Милевска на суд за тендерот за Музејот на македонската борба од „Скопје 2014“

by fokus

Ново судско рочиште треба да се одржи за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, а се однесува на тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.

Во овој случај обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки. Дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип.

На последното рочиште во судницата во Кривичниот суд се слушаа пет прислушувани разговори, кои СЈО ги предложи како доказ во овој случај. Од петте разговори четири се од 2011 година, а еден од 2013, а во нив зборуваат Канческа-Милеска, Миле Јанакиески, Илија Бреслиски и Гордана Јанкулоска.

Поврзани новости