„Канал 5“ и „Сител“ немале место за повеќе реклами на СДСМ!?

by Фокус 08:33
08:33

СДСМ им посочила ОБСЕ/ОДИХР дека партијата се обидела да откупи повеќе време на ТВ Сител и Канал 5, но биле информирани дека најголем дел од времето веќе било откупено од страна на другите учесници во изборната кампања, стои во вчерашниот прелиминарен извештај на ОБСЕ за првиот круг од претседателските избори.

„Приватните радиодифузери имаат право да продадат до 12 минути по час за платена политичка реклама, со ограничување од 8 минути по час за секој кандидат. Следењето на платеното политичко рекламирање што го спроведе НМИ на ОБСЕ/ОДИХР укажува дека повеќе од 23 часа од таквите рекламирања го промовираа г. Иванов, повеќе од 7 часа го промовираа г. Поповски и ГРОМ, додека само 3 часа беа во полза на г. Пендаровски. 25 Во текот на кампањата постоеја ограничени можности за соочување со г. Иванов. Само една дебата на која се појавија сите четири кандидати беше организирана од МРТ-1. После дебатата јавниот радиодифузер организираше програма со дискусии која главно се фокусираше на перцепцијата за неуспесите на г. Пендаровски“, стои во пишаната изјава на ОБСЕ.

- Advertising -

Поврзани новости