Канада распиша предвремени избори: Трамп сака да не скрши!

by Fokus

Канадскиот премиер Марк Карни најави дека земјата ќе одржи предвремени избори на 28 април, пренесува Ројтерс.

Причината, објасни тој, е што му треба посилен мандат поради трговската и царинската војна што Доналд Трамп ја најави против Канада.

Редовните избори требаше да се одржат на 20 октомври, но Карни одлучи новата влада да биде избрана половина година порано.

Карни ја нарече трговската војна со САД „една од најголемите закани за нашиот живот“.

„Тој сака да ја скрши Канада за да може Америка да нè поседува. Нема да му дозволиме да го направи тоа“, рече тој.

Поврзани новости