Кампања против насилство врз жени и девојчиња

by fokus

Во Скопје денеска ќе биде одбележан почетокот на меѓународната кампања „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња“, со поддршка на Обединетите нации и Делегацијата на Европската унија.

Целта е да се подигне свеста и да се поттикнат активности кои ќе помогнат да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата ширум светот. Секоја година кампањата трае 16 дена, во периодот помеѓу 25 Ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Кампањата ќе опфати повеќе активности,  меѓу кои и  осветлување на Скопското кале во портокалова боја, поддршка од јавни личности од различни сфери, како и повеќе дебати со средношколци и студенти низ Македонија.

Поврзани новости