Камион со мигранти се преврте кај Марвинци, возачот побегнал

by Фокус

Сообраќајка се случила вечерва на патот Удово-Гевгелија. Според првичните информации на МИА, повредени се мигранти.

-Добивме повик за повредени поголем број на мигранти, 29 лица. Наводно, биле сместени во камион, околу педесетина биле, такви ни се првичните информации – изјавиле од Брза помош Кавадарци.

Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската.

Од МВР, пак, потврдиле дека вечерва во 18:10 пријавено било дека товарно возило излетало од патот на клучка од Марвинци регионалниот пат Гевгелија-Д.Капија.

-Утврдено е дека се работи за товарно возило сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости