Камила Васкез, секси адвокатката на Деп, станува нова медиумска ѕвезда

by Fokus

Триесет и седумгодишната Камила Васкез, адвокатката на Деп, неочекувано стана ѕвезда на судењето поради нејзиниот динамичен и остар настап. Милиони гледачи ширум светот барем повремено гледаат снимки од тужбата и противтужбата на поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд.

Како што процесот добиваше нови елементи на драма по секое рочиште, се чини дека полека се појавува нова ѕвезда на медиумското небо.
Поединци дури испечатуваа маици со нејзиното име, а корисниците на социјалните мрежи смислија бројни хаштагови за поддршка.

Двеминутното видео во кое Васкез постојано ја прекинува адвокатката Амбер Херд извикувајќи „приговор“ – што е официјален термин што се користи во судот за да се изрази противење – стана вирално и го гледаа повеќе од 27 милиони луѓе на TikTok.

Видеото дури доведе до пародии на социјалните мрежи, во кои корисниците им „приговараат“ на пријателите и семејството за време на разговорите.

Севкупно, сите видеа на TikTo кои имаа хаштаг #CamilleVasquez имаа стотици милиони прегледи.

Која е адвокатката која го привлече вниманието на љубителите на ова судење ?

Камила е родена е во Сан Франциско, а нејзините родители се од Куба и Колумбија.

Васкез дипломирала на Универзитетот во Јужна Калифорнија во 2006 година, а четири години подоцна на Југоисточниот правен факултет во Лос Анџелес. Во изминатите четири години таа беше ангажирана како соработник во познатата адвокатска канцеларија Браун Радник, а сега го застапува Деп, кој ја тужеше Херд за клевета и бараше отштета од 50 милиони долари.

Васкез е еден од деветте адвокати вклучени во процесот. Минатата година беше прогласена за адвокат на годината од специјализираниот магазин One to Watch.

Таа е специјализирана за судски спорови и арбитража, како и случаи на клевета.

Сепак, за новите поддржувачи, Васкез е можеби најпозната по нејзините бројни приговори и низата напнати разговори со Херд.

За време на два дена вкрстено испрашување, Васкез се обиде да ја преиспита приказната на Херд за нејзиниот проблематичен брак со Деп со надеж дека поротниците ќе видат недоследности во нејзините тврдења.

„Вие сте таа што нападна некого со шише во Австралија, нели г-ѓа Херд“, праша Васкез. Прашањето се однесувало на тепачката во Австралија во 2015 година, во која Деп сексуално ја злоставувал Херд со шише, според актерката.

Други незаборавни моменти на судењето се прашањата на Васкез за судбината на седумте милиони долари, кои претходно беа ветени за добротворни цели.

Имаше и прашања за тоа дали Херд ги сменила своите фотографии за да изгледа како да има модринки, а во еден момент Васкез навести и дека актерката својот успех во светот на филмот му го должи на Деп.

„Џони Деп ти даде улога во Аквамен, нели?“, праша Васкез.

Начинот на одбрана на Деп направи од Васкез тема во движењето #MeToo, кое се бори против сексуалното насилство и злоупотреба.

Некои критичари ја обвинија дека не верува во тврдењата на Херд, но и дека се обидува да ги дискредитира нејзините обвинувања дека била жртва на злоупотреба.

Поврзани новости