Каменуван автобус кој возел кон Арачиново, една жена повредена, предизвикана штета од 1.000 евра

by fokus

Автобус со број 55 кој се движел во правец на селото Арачиново, синоќа околу 22.00 часот бил каменуван од група лица на возраст помеѓу 16 и 20 години. Настанот се случил на надвозникот кај „Агросервис“, а под ударите биле искршени две стакла на левата страна од автобусот и стаклото од задната двокрилна стаклена врата од автобусот, како и едно стакло на десната страна од автобусот.

„Од удар од еден од камењата, била повредена З.Г.(45) која се здобила со повреди на левата аркада во вид на расекотина и крварење и веднаш потоа била префрлена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. По укажаната лекарска помош истата била пуштена на домашно лекување“, велат од Министерството за внатрешни работи.

За настанот  бил известен и Јавен обвинител. Со оштетувањето на автобусот сторителите причиниле и материјална штета од околу 61.000 денари. Извршен е увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости