Камчева барала совет од директорот на УБК, а на министерот Спасовски не му верувала зошто зборувал со Боки 13

by fokus

Освен Орце Камчев, и неговата сопруга Ана Камчева, за помош се обратила кај тогашниот директор на УБК, Горан Николовски -Џони, кај кого барала совет околу рекетот што им се бара.

-На тогашниот директор на УБК, Николовски, му реков дека сум жртва на рекет, му кажав од околу што се случува, и побарав совет каде да пријавам. Тој ме праша зошто не им верувам на институциите, а јас му реков дека сум го видела Јовановски како зборува со јавни личности, судии, обвинители, со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски… рече Камчева, која не откри што бил советот на Николовски.

Камчева спомена дека уште еднаш се видела со директорот Николовски, но не откри детали за средбата.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости