Камчев ќе сведочи на судењето за „Меѓународен сојуз“

by fokus

Следното рочиште за судскиот предмет „Меѓународен сојуз“ е закажано за 18 март, а како сведоци треба да се појават Орце Камчев и Агапи Дика.

Во случајот обвинет е Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски, професорката Фросина Ременски и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се товари за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Поврзани новости