Камчев до Локвенец: Види ги доказите, па кажи дали е поткуп или рекет!

by fokus

Орце Камчев преку изјава за ПлусИнфо му одговори на пратеникот Хари Локвенец, кој денеска изјави дека случајот „Рекет“ е всушност поткуп.

-Го повикувам господинот Локвенец да дојде, да ги погледне и да слушне само дел од доказите кои ги поседувам околу монтираниот случај „Империја“ од кој произлезе случајот „Рекет“. Така ќе се увери лично дали станува збор за рекет или поткуп, но и кој сè е замешан во случајот. Тоа би му било мудра одлука за него како пратеник од владејачката партија пред да држи вакви предизборни пресови со кои истовремено ме оцрнува и мене како бизнисмен и ѝ нанесува штета на сопствената партија. Може секој ден да ме побара во просториите на Орка Холдинг од 9 часот до 17 часот, или преку кабинетот на телефон 02-3099-600 – изјави Камчев за „Плусинфо“.

Поврзани новости