719
Во серијата аудио разговори што ги објави италијанскиот весник Ла Веритас поврзани со аферата „Рекет“ доминираат разговори меѓу првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, по чија пријава обвинителството отвори истрага за случајот и засега изрече два притвори.
Во еден од разговорите, Камчев му вели на Боки 13 дека парите му ги средил според спецификација и дека му ги скапувал во, како што вели, во соодветна торба на неговиот стајлинг – Луј Витон.
-Куферчево одговара на стајлингот, да не давам адидас торба – му вели Камчев на Боки, додавајќи дека рачно му ги броел парите од по 50 евра (бидејќи такви имале банките) и патем со ластиче му ги спакувал.