КАМ: Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди исправноста на производот во кој наводно имало страно тело

by fokus

Во врска со случајот за наводно откриено страно тело во замрзнат производ од увоз, спротивно на законските прописи непотврдено беше изнесен на социјални мрежи и во одделни медиуми, доведувајќи ги во заблуда јавноста и ценетите потрошувачи на КАМ маркетите, реагираат од КАМ.

-За потсетување на јавноста, веднаш по објавувањето на непотвредената информација на 04.04.2021г. како што налагаат интерните процедури, компанијата најодговорно ги презема сите мерки вклучително и повлекување на производот од продажба. Исто така, со цел детално истражување на случајот компанијата постапи согласно одредбите на Законот за заштита на потрошувачите и Законот за безбедност на храна, како и пропишаните постапки за заштита на правата на потрошувачите.

Компанијата КАМ, со задоволство ги известува јавноста и потрошувачите, дека по спроведувањето на сите законски утврдени анализи и проверки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите ја потврдија исправноста на производот.

Компанијата КАМ во насока на справување со јавното ширење на неосновани тврдења и невистини, кои воедно претставуваат обиди за нарушување на довербата на потрошувачите и деловниот углед на компанијата, одлучно ги презема неопходните законски постаки за изнесување на случајот пред лицето на правдата.

Продолжуваме секојдневно доследно да ги спроведуваме најдобрите светски практики и европски стандарди за безбедност на храната.

Компанијата КАМ ја користи оваа прилика да им се заблагодари на ценетите потрошувачи за потврдената дваесет и пет годишна доверба во своето работење, велат од КАМ.

Поврзани новости