Калиопи на голема турнеја во Србија

by fokus

Поп ѕвездата Калиопи денес ја започнува својата голема турнеја низ Србија. Првиот од низата концерти таа ќе го одржи во Крушевац, а потоа следат уште осум концерти кај нашите соседи.

Ќе гостува во Јагодина, Крагуевац, Белград, Ваљево, Краљево, Лазаревац, Панчево и Ниш. Големиот солистички концерт во Белград е закажан на 9-ти ноември во Комбанк Арена, а билетите се продаваат по цени од 1.400 динари (околу 700 денари), до 2.400 динари (околу 1.200 денари).

Калиопи и минатата година се дружеше со публиката во Белград. Тамошните медиуми ланскиот концерт го опишаа како музички десерт, и ја пофалија нејзината моќна интерпретација. Во октомври таа одржа дури девет концерти во Босна и Херцеговина. Најава за нејзини настапи во Македонија во наредниот период, официјално се уште нема.

Вики Клинчарова

Поврзани новости