Калина Велевска е девојката по која се трага на Кајмакчалан

by fokus

Дваесет и шестгодишната Калина Велевска е девојката по која се трага на Кајмакчалан. На неа и на уште едно момче, на возраст околу 35 години им се губи трага откако вчера почнале да се искачуваат на планината со поголема група на луѓе. Идентитетот на момчето се уште не е познат.

Грчките медиуми, пак, објавија дека маж на 35-годишна возраст и девојка на 25 години се пронајдени починати во областа Свети Илија на Кајмакчалан. Се смета дека се туристите кои се изгубиле низ планината одделувајќи се од група планинари.

Поврзани новости