Калина Гривчева-Старделова доби уште еден мандат да управува со Лекарската Комора

by Fokus

Доктор Калина Гривчева-Старделова доби уште еден мандат за да управува со Лекарската Комора, неофицијално дознава „Фокус“.

Таа со 51 глас за и 24 за нејзината противкандидатка Емилија Велкова од Институтот за трансфузиона медицина ја однесе победата на изборите.

Како што веќе објавивме, за време на целата процедура, се знаеше дека Старделова ќе влезе во трката за втор претседателски мандат, но до последен момент не се знаеше името на нејзиниот противкандидат.

„Фокус“ пред неколку денови објави дека на неа ќе и се спротистави доктор Велкова, но таа дури вчера или завчера поднела официјална кандидатура.

Во меѓувреме, иако не се знаеше нејзиното име, сепак дел од лекарите водеа хајка против актуелната претседателка, па дури имаше и заканувачки пораки  и нарачни текстови.

Досега, Лекарската Комора имала четворица претседатели.

Ирена Мулачка

Поврзани новости