Калеска: На 27 април беше нападнат уставниот поредок

by Фокус

Ако се вратиме назад и ги анализираме дејствијата од 27 април, ќе видиме дека тие создадоа страв, насилство и загриженост кај граѓаните и тогаш беше нападнат уставниот поредок, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

-Да не заборавиме дека на 27 април беше нападнат парламентот, највисокиот законодавен дом, тука не дискутираме персонално, туку зборуваме за луѓе легитимно избрани на избори, кои беа нападнати во парламентот за да се спречи изборот на претседател на Собранието – рече Калеска-Ванчева на Телма.

Таа смета дека обвинителството со право заклучило дека овие луѓе треба да одговараат за терористичко здружување против уставниот поредок и безбедноста.

-Посакувам нашиот правосуден систем се справи со  предизвикот, бидејќи ваквите случувања ако немаат вистински завршеток низ правниот систем оставаат трајни последици – порача Калеска-Ванчева.

Поврзани новости