Какво време не очекува денеска ?

by fokus 09:59
09:59

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено на западот, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а  дневната од 26 до 36 степени.

- Advertisements -

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.

Поврзани новости