Какво време не очекува денеска?

by Fokus

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест, а дневната од 14 до 23 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе се намали за пет до осум степени. Од вторник до четврток ќе преовладува претежно облачно со повремени врнежи од дожд на пониските места, а на планините од снег. Температурата во овој период ќе биде во постојано опаѓање со се пониски утрински температури.

Поврзани новости