Каква храна консумираат македонските граѓани?

by Fokus

Во текот на 2020 година, ветеринарните и инспекторите за храна спровеле вкупно 54.382 контроли, а како небезбедна, инспекторите и операторите уништиле приближно 238 тони на храна, информираше денеска Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, на настанот „Безбедна храна денес за безбедно утре“ по повод 7-ми јуни – Светски ден на безбедност на храната.

Бабовски истакна дека македонските граѓани треба да бидат сигурни дека консумираат безбедна храна иако, како што кажа, секогаш, за жал, се можни и постојат и одредени пропусти.

– Како одговорна институција и во услови на пандемија, направивме максимални напори да ги заштитиме граѓаните, ги зајакнавме контролите уште од самиот почеток на пандемијата, истакна тој.

Дополни дека расте интересот на граѓаните за безбедност на храната, а преку одделението за заштита на храната во Агенцијата за храна и ветеринарство, од вкупно поднесените 173 претставки, 74 се однесуваат на безбедност на храната.

Поврзани новости