Како тендерот за смарт-сити го добија здружени фирми без конкуренција?

by fokus 13:18
13:18

Со цел да се обезбеди можност за што поголема конкуренција, заинтересирани компании барале измени во тендерската документација и техничките спецификации за милионскиот тендер што Град Скопје го спроведе за смарт-сити, меѓутоа најголем дел од нивните барања биле одбиени, пишува најновиот број на неделникот Фокус.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, станува збор за јавна набавка за имплементацијата на платформа за дигитален град и систем за паметно осветлување, во чии рамки Градот на чело со градоначалникот Петре Шилегов годинава склучи договор вреден 6,5 милиони евра со „Македонски Телеком“ во постапка со еден понудувач.

- Advertisements -

Всушност, „Телеком“ настапил како носител на конзорциум во кој членувале уште хрватската „Версо-Алтима“ и македонската „Винт“, додека, како што покажува извештајот од спроведената постапка, тие имале поддршка од уште 6 подизведувачи –„ГДИ Солушнс“, „Електромикиица“, „Код Инженеринг“, „Метал-Ват-Ел“, „Телелинк Бизнис Сервисис“ и „Телелинк МК“.

Во договорот се предвидува дека овие компании на чело со „Телеком“ имаат обврска да имплементираат таканаречена платформа за дигитален град во наредните 4 години, што подразбира, меѓу другото, осветлување со ЛЕД- светилки, паметни столбови, комуникациска инфраструктура, со што, според светлотехничкото решение, се предвидуваат заштеди на струја до 60 проценти.

Во процесот на изготвување на тендерската документација и техничките спецификации, заинтересираните компании имаат право да бараат појаснување за одредени формулации, но и да доставуваат барања за промени. Притоа, од Градот информираат дека извршени се измени врз основа на 3 барања од компаниите.

Меѓутоа, сознанијата до кои дојдовме укажуваат дека не се прифатени голем дел од барањата на компаниите кои се однесување на ревидирање на условите за потребните годишни приходи, сработените проекти, квалификациите и сертификатите што (треба да) ги поседуваат вработените, а се барала и проверка на категоризацијата на улиците и на параметрите на светилките.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Влатко Стојановски

Поврзани новости