Како Талески ќе раководеше со Битола ако беше во Шутка?

by fokus

Специјалното јавно обвинителство, Основниот суд Скопје 1 и Апелациониот суд да се изјаснат дали градоначалникот Владимир Талевски има право да потпишува документи и два месеци да раководи со Општина Битола од домашен притвор.

Вакво барање денеска поднела советничката од опозицијата во битолскиот совет, Габриела Илиевска. Советничката поднела барање и до правната комисија на Собранието на Република Македонија за автентично толкување на Законот за кривична постапка, кој се однесува на куќниот притвор.

-Дали доколку Талески беше притворен во Шутка, општината ќе работеше на ист принцип и ќе го посетуваа луѓе постојано за да потпишува документи? Живееме во ненормална општина, вели советничката.

Илиевска денеска побарала и одложување на точката за кварталниот извештај за буџетот на општината, чиј предлагач е Талевски, се додека не добие одговор од овие институции.

Поврзани новости